Стресот стана ден стана дел од нашиот секојдневен живот. Парите, работата и семејните обврски се главна причина за стресните ситуации. 

Според астрологијата, секој хороскопски знак на различен начин се справува со стресните ситуации и секојдневни грижи.Овен

Овој хороскопски знак има брзо темпо на живот, а со самото тоа и потреба за докажување и натпреварување. Доколку не може да го остварат она што го сакаат, ги губат нервите и стануваат нервозни и напнати. Исто така, реагираат лошо и кога нивните колеги не постигнуваат успех.

Бик

Станува збор за хороскопски знак кој не ризикува многу и ги анализира сите средства кои му се на располагање кога треба да извршат некоја задача. Бикот се грижи уште пред да започне со работа бидејќи го плаши стравот од неуспех. Најмногу се под стрес кога се соочени со нешто ново и немаат доволно знаење.Близнаци

Близнаците важат за знак на кој му е најтешко да донесе одлука, особено кога сите во неговата околина го очекуваат тоа. Тогаш чувствува дека е под притисок и стресот уште повеќе ги „блокира“.Рак

Ракот е чувствителен и емотивен знак кој сака да го минува слободното време дома со најблиските.Лав

Кога доминантниот Лав ќе почувствува дека работите излегуваат надвор од негова контрола, чувствуваат стрес и драматизираат. Лавовите се многу љубезни, но „полудуваат“ кога немаат контрола над некоја ситуација.Девица

Девицата лесно губи контрола и станува нервозна кога се расправа со некого бидејќи секогаш сака да е во право.Вага

Вагите размислуваат како да им возвратат на луѓето кои ги повредуваат и тоа им предизвикува голем стрес.

Скорпија

Скорпиите се плашат дека луѓето ќе ги повредат и ќе ги издадат. Потребно им е повеќе време за да стекнат доверба во некого, па дури и кога ќе им се случи тоа – тешко им е да ги искажат нивните емоции и мислење, а тоа им предизвикува стрес.Стрелец

Сакаат да работат, но мразат кога некој се обидува да ги контролира. Може да бидат многу нетрпеливи, а најмногу се под стрес кога работата не им оди како што треба.Јарец

Луѓето родени во овој знак сакаат да имаат сè под контрола, а најмногу мразат кога некој крие нешто од нив. Можеби нема да ви го покажат тоа, но ваквите ситуации им предизвикуваат многу стрес.Водолија

Водолијата се сомнева во себе, иако е еден од најинтелигентните хороскопски знаци. Баш поради ова, не им е лесно да се справат со стресот.Риби

На Рибите им предизвикуваат стрес грешките од минатото. Со оглед на тоа дека се многу емотивни, тие се под стрес и кога нивните блиски луѓе имаат проблеми.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here