Министерството за внатрешни работи вчера продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот и само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 265 мерки.

Од вкупниот број казни 31 се за возење без возачка дозвола, 11 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 7 за управување под дејство на алкохол, 14 за поминување на затворен семафор (црвено светло),  20 мерки за користење на мобилен телефон, 13 мерки за некористење на сигурносен појас, а казнети се и 14 пешаци.  
Од МВР потсетуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here