Швајцарецот потврди дека на терените ќе се врати на турнирот во Доха кој започнува на 8. март.

Последен турнир на кој Рожер Федерер играше беше Австралија Опен 2020 година каде загуби во полуфиналето од Новак Ѓоковиќ, по што мораше да оди за операција на коленото.

– Долго време размислував за тоа кога и каде да се вратам на терените. Турнирите во Австралија дојдоа прерано за мене. Жал ми е бидејќи сакам таму да играм. Сакав да се вратам на малите турнири за да чувствувам помал стрес – изјави Федерер.

Швајцарецот е убеден дека сè уште може да се натпреварува на највисоко ниво и да биде еден од главните кандидати за титулите, посебно на грен слем турнирите.
– Сакам да славам големи победи. Подготвен сум поради тоа да одам по подолгиот и потешкиот пат. Ќе се обидам да игра на турнирите на земја, по што следат Хале, Вимблдон, Олимписките игри и САД Опен.

Рожер Федерер заедно со Рафаел Надал се на првото место на листата со највеќе освоени грен слем титули, имаат по 20, а во август ќе наполни 40 години.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here