Светската здравствена организација објави дека бројот на новите случаи на коронавирусот на глобално ниво се намалува трета недела по ред. „Контролирањето на ширењето на вирусот помага да се спасат животи и ги намалува шансите да се појават нови соеви. Исто така, помага и дејството на вакцините да биде поефикасно“, рече директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејесус.

Директорот на СЗО, за време на виртуелното обраќање, рече дека ова е добра вест – и покрај фактот што многу земји продолжуваат да известуваат дека заразата се шири.

Според него, новиот тренд покажува дека вирусот може да се контролира, и покрај појавата на нови соеви, со примена на досегашните мерки: физичко растојание, покривање на лицето и одржување на хигиената.

Тој, сепак, предупреди дека светот веќе бил во слична ситуација и дека сега не е време да се опуштиме.

„Во текот на изминатата година имаше моменти кога во скоро сите земји бројот на регистрирани случаи паѓаше. „Мерките на претпазливост беа олабавувани и тогаш вирусот продолжи да беснее“, подвлече Гебрејесус.

Тој исто така посочи дека во моментот на глобална вакцинација потребно е да се применат мерки на претпазливост што придонесуваат за безбедноста на луѓето.

„Контролата на ширењето на вирусот помага да се спасат животи и да се намалат шансите да се појават нови соеви. Исто така, дејството на вакцината да се направи поефикасно“, подвлече директорот на Светската здравствена организација.

На истиот брифинг, директорот на програмата за вонредни ситуации Мајкл Рајан одговараше на прашања во врска со тимот на СЗО што во моментов го истражува потеклото на вирусот и го коментираше скептицизмот изразен од некои во врска со истрагата.

Некои коментатори изразија сомнеж дека истражителите нема да можат да откријат ништо значајно во толку доцна фаза по избувнувањето на епидемијата, со оглед и на слабата кинеска соработка со истрагата.

Рајан имаше замерка на сметка на оние што веќе рекоа дека нема да го прифатат извештајот на тимот или сугерираат дека, можеби, ќе има други разузнавачки податоци со поинакви заклучоци.

„Ниту една друга земја не ѝ достави документи, разузнавачки информации или други информации на Светската здравствена организација. Ние сме тие што бараат податоци. Ние сме тие што се на терен, со експерти од 10 земји, кои настојуваат да ги најдат одговорите. Ако вие ги имате одговорите, ако мислите дека ги имате одговорите, ве молиме јавете ни“, рече тој.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here