Додека во судницата се одржува рочиштето, околу зградата на Основниот кривичен суд во Скопје може да се забележи и засилено полициско обезбедување

Цели три години се одржуваа рочишта, се слушаа „бомбите“, кои беа меѓу преовладувачките причини за укинување на пресудата, но по преслушувањето на „бомбите“ не се утврдија некои факти, освен што се одржаа многу рочишта и се одзеде многу време за да се донесе пресуда, рече адвокатката Дафина Ивановска во завршните зборови за предметот „Монструм“, како застапник на едно од семејствата на жртвите.

Таа наведе дека се приклучува кон кривичниот прогон и завршните зборови на обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

„Од сите изведени вербални и материјални докази недвосмислено се докажа дека се содржат битијата на кривичните дела“,

рече адвокатката.

Според адвокатката, овој судски процес бил долг и макотрпен, а се осврна и на притисокот што се наметнал за да се повтори овој судски процес.

„Се поставува прашањето, зошто не се изврши такво дејствување за екстрадиција на првите двајца обвинетите од Косово“,

рече Ивановска.

Таа во дел од завршните зборови посвети и на исказот на Хаки Азири пред истражен судија во кој кажува дека вечерта по убиството со автомобил ги чекал двајца од обвинетите кои му рекле „направивме го*нарија, убивме човек“, а за кој исказ тој потоа зборуваше дека го дал под притисок. Ивановска, пак, смета дека тој исказ целосно бил поткрепен со доказите во постапката, а обвинетиот го негирал откако имал телефонски разговор со родителот.

Адвокатката праша и зошто Хаки Азири не му поставувал прашања на Љупчо Тодоровски-Радникот од МВР додека тој сведочел, ако тврди дека Радникот го присилил да даде исказ со признание.

На кривичниот прогон и завршните зборови се приклучи и адвокатот на другите четири семејства на жртвите.

Во моментов завршни зборови даваат адвокатите на обвинетите.

Обвинителите, пак, заврши зборови дадоа минатото рочиште.

Додека во судницата трае рочиштето, околу зградата на Основниот кривичен суд во Скопје може да се забележи и засилено полициско обезбедување.

Случајот во јавноста познат како „Монструм“ се однесува на петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година. На самото место беа убиени четири момчиња од македонска националност на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и 45-годишниот Борче Стевковски од селото Црешево. Обдукцијата покажа дека во нив е пукано од три типа огнено оружје.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here