Вo петок во матичната собраниска Комисија за образование, наука и спорт, е закажана јавната расправа за нацрт-концепцијата за основно образование каде, како што изјави министерката Мила Царовска ќе се сублимират сите ставови, забелешки и сугестии кои пристигнале до МОН. Царовска не попушта во однос на барањето на матурантите за намалување на бројот на предмети. Тие што сакаат да полагаат два предмета, имаат опција наместо државна, да полагаат училишна матура, вели министерката.

На дебатата ќе се искажат спротивставени ставови, но ќе се изјасниме што е конечно прифатливо од забелешките и верувам дека ќе донесеме заеднички став. Потоа ќе следува фаза на усвојување и подготовка на наставните програми, затоа што концепцијата е само прв чекор”, истакна министерката Царовска.

Таа информира дека преку електронска пошта до МОН, до 20 јануари, што беше крајниот рок, се пристигнати триесетина предлози во однос на нацрт-концепцијата, кои се разгледуваат.

Во однос на државната матура, за која Средношколскиот сојуз бара поддршка од пратениците во Собранието за измени на Законот за средно образование со кои ќе се овозможи нивното барање за кратење на предметите од четири на два, министерката одговори дека законот е јасен и за оваа генерација државната матура ќе се спроведе според актуелниот концепт.

„Не гледам како не би го испочитувале законот кога ниту имаме вонредна состојба, ниту имаме можност на владини седници да донесуваме вакви одлуки. Законот е јасен и дециден за спроведување на државната матура зашто таа е услов за запишување во високото образиование. Сите кои не сакаат да ја полагаат, може да полагаат училишна матура со два предмета и може да полагаат стручен испит во стручните училишта, и на тој начин да го заокружат своето средно образование. Тоа е задолжително во нашата држава, а државната матура е избор”, истакна Царовска, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Математичко-информатичката гимназија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here