Денеска се очекува да пристигне втората пратка на вакцините од Фајзер од Србија.

Пред модуларната болница е Дејан Трајковски.

Министерот за здравство Венко Филипче ќе биде домаќин на министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, на граничниот премин Табановци, со цел да ја преземе втората донација од 8000 дози вакцини од компанијата Фајзер/Бионтек,

Со вакцините на „Фајзер” кај нас почна процесот на имунизација, првично со вакцинирање на здравствените работници. Следни за вакцинација се ризичните групи граѓани над 70 години.

Последните податоци покажуваат дека 1274 здравствени работници примиле вакцина против Ковид-19. Имунизацијата се одвива во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје.

Преку веб-страницата „vakcinacija.mk” 63075 лица се пријавиле за вакцинација, а 39 003 граѓани преку матичен лекар, посочија вчера од Министерството за здравство.

Во видеото погледнете го целиот извештај.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here