Новите ерупции почнаа минатата недела, а вулканот со денови исфрлаше облаци чад и пепел во воздухот.

Вчера, фонтаната со лава што ја исфрли Етна премина надморска височина од 1.500 метри, пишува The Guardian.

Етна е најактивниот вулкан во Европа, а вечерашната ерупција многумина ја опишуваат како една од најспектакуларните во последните неколку децении.

Последната голема ерупција се случи во 1992 година.

Ерупциите на Етна ретко предизвикуваат голема материјална штета или човечки жртви, пишува BBC, па локалните власти не очекуваат денешната ерупција да предизвика големи проблеми.

„Ова секако беше една од најспектакуларните ерупции со децении“, рече Борис Бенке, вулканолог од Националниот институт за геофизика.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here