За време на сообраќајните контроли во Скопје 26 возачи се казнети за возење со брзина над дозволената, седум возачи за зборување на мобилен телефон, а 5 лица немале возачка дозвола,

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изрече вкупно 122 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 26, пет за возење без возачка дозвола, четири за нерегистрирани возила.

Изречени се седум санкции за користење на мобилен телефон, пет за непочитување на првенство на минување и 44 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредува полицијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here