Еден од најголемите светски спортисти, легендарниот голфер Тајгер Вудс е буден и се опоравува по операцијата, е објавено денеска рано утрово на неговиот официјален профил на Твитер.

Вудс доживеа тешка сообраќајна несреќа во Калифорнија, поради задобиените повреди морал да замине на операција на ногата.

-Реагира и се опоравува во својата болничка соба, е наведено во соопштението на Твитер.

Во сообраќајката Вудс претрпел сериозна повреда на ногата и бил заробен во скршениот автомобил, но бил свесен кога стигнале службите за итна помош до местото каде се превртел неговиот автомобил.

Легендарниот спортис со својот џип удрил во тротоарот од патот поради што возилото се превртело.

Дополнителните тестови во болница покажале дека Тајгер Вудс не возел под дејство на алкохол или некои опојни средства.

Возилото на богатиот спортист е целосно уништено, потврдил шерифот на округот Лос Анџелес, каде се случила сообраќајната несреќа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here