Двата француски булдози на поп-пејачката и актерка Леди Гага, Коџи и Густав, изминатиов викенд биле пронајдени неповредени. Кучињата беа украдени при овој насилен инцидент во кој Рајан Фишер, човекот задолжен за нивно чување и шетање беше ранет, соопшти полицијата во Лос Анџелес, пренесуваат медиумите.

Според капетан Џонатан Типет, одредена жена ги донела кучињата во полициска станица во Лос Анџелес. Претставникот на Лејди Гага во полициската станицата потврдил дека станува збор за нејзините кучиња.  Жената што ги вратила кучињата најверојатно дека не е вклучена, ниту поврзана со нападот, додал капетан Типет Типет.

Идентитетот на жената и локацијата каде биле пронајдени кучињата нема да бидат откриени заради нејзина безбедност и поради тековната истрага, се вели во соопштението на полицијата. Според информациите кои капетан Типет ги споделил со медиумите се очекува Рајан Фишер да закрепне од повредите.

„Продолжувам да те сакам Рајан Фишер, го ризикуваше својот живот да се бориш за нашето семејство. Ти засекогаш ќе бидеш херој “, напишала Лејди Гага меѓудругото на Инстаграм.

Лејди Гага во Рим снима филм за убиството на Маурицио Гучи и ја игра сопругата која го нарачала убиството. Таа повторно ја истакнала понудената награда од половина милион долари за враќање на кучињата, но капетан Типет изјавил дека не знае дали жената што ги донела кучињата ќе ја добие наградата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here