Преплетот на црвено и бело конче, која кај нас се нарекува мартинка, претставува амајлија за здравје и заштита од зло.

Вековната традиција која се врзува со месецот март, се верува дека има пагански корени, а се обележува во многу земји меѓу кои Македонија, Бугарија, Романија и Албанија, пишува „Mediapool“.

Многумина велат дека црвено-белата амајлија секогаш треба да се носи на левата рака или како брош на градите. Оние кои се обидуваат да ја зачувaат древната традиција се надеваат дека мартинката ќе им донесе добро здравје и сила.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here