Светската здравствена организација вчера оцени дека e нереално да се мисли дека човештвото ќе се ослободи од пандемијата на КОВИД-19 до крајот на годината. Мајкл Рајан, управител на СЗО за вонредни операции, оцени дека, сепак, до крајот на годината ќе се намали бројот на хоспитализирани и починати.

Но, пандемијата и понатаму беснее и оваа недела, после седум последователни недели на пад на бројките на заразени. „Би било прерано и мислам нереално да се тврди дека ќе го победиме вирусот до крајот на годината. Но, ако бидеме паметни, можеме да го намалиме бројот на хоспитализирани, на починати и бројот на трагедии кои ја следат пандемијата“, изјави Рајан на прес-конференција.

Според него, СЗО се фокусира на задачата да го задржи преносот на вирусот на ниско ниво, да помогне во превенирањето на појавата на нови соеви и да го намали бројот на заразени. Директорот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, сака вакцинирањето на медицинскиот персонал во сите земји во светот да почне во првите 100 дена од 2021 година, што значи дека остануваат уште 40 дена.

Тој изрази и задоволство што жителите на Гана и на Брегот на Слоновата Коска вчера почнаа да ги примаат првите дози од вакцините балгодарение на механизмот Covax. Додада дека му дава надеж тоа што меидицинскиот персонал во земјите со ниски приходи почна да се вакцинира, но жали што тоа се случува три месеци после некои од најбогатите земји.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here