Филипче утринава до Главниот кризен штаб на Владата достави предлог од Комисијата за заразни болести за воведување полициски час на територијата на цела држава кој ќе почнува од 22 часот навечер до 5 часот наутро.

Овој предлог Владата треба да го разгледа на утрешната седница и да произнесе дали го прифаќа предлогот, кога ќе започне полицискиот час и колку време ќе трае.

Според неофицијални информации на Сител доколку утре овој предлог помине на владина седница тој ќе стапи на сила веднаш, односно утре од 22 часот и ќе трае најмалку еден месец.

Официјалните информации ќе ги има утре по завршувањето на седницата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here