Оваа година ќе започне  изградбата на долго најавуваниот забавен парк во Скопје, кој би требало да биде ново сврталиште на скопјани, но и на сите посетители на главниот град. Според најавите, во новиот забавен парк ќе има реквизити, но и останати забавни содржини кои ќе бидат примамливи и интересни, не само за децата, туку и за останатите возрасни групи, затоа што е замислен како место за одмор и релаксација на сите членови од семејството.

Изградбата на новиот забавен парк, како што информираат од Град Скопје, треба да започне да се реализира оваа година, а проектот ќе биде финансиран од градската каса, односно од Буџетот на Град Скопје за 2021,2022 и 2023 година.

-Реализацијата на програмата е предвидено да се одвива фазно во периодот од 2021-2023 година и тоа: проектирање во 2021 година, изградба на инфрастртуктура, супраструктура и објекти во 2021 – 2022 година и набавка на опрема – реквизити и нивно монтирање: 2021 – 2023 година – стои во Предлог програмата за изменување и дополнување на Програмата за проектирање, изградба на забавен парк, набавка на опрема-реквизити и нивно монтирање.

Како што информираат од Град Скопје, правен основ за донесување на изменување и дополнување на програмата  е член 36 од законот за локалната самоуправа (“Службен весник на рм” број 5/02), согласно кој советот е надлежен за донесување на одлуки и  Одлуката за проектирање, изградба на Забавен парк, набавка на опрема – реквизити и нивно монтирање.

-Советот на Град Скопје на четириесет и осмата седница, одржана на 29 јануари 2020 година, донесе одлука за задолжување на Град Скопје со заем кај финансиска институција во износ до 766.000.000,00 денари, наменет за проектирање, изградба, набавка на опрема – реквизити и нивно монтирање за забавен парк. Одлуката беше основ Град Скопје да започне постапка за задолжување пред финансиските институции. Со оглед на настаната состојба поврзана со корона вирус, прогласената пандемија од страна на Светската здравствена оргинизација, донесените уредби и мерки од страна на Владата на Република Северена Македонија со цел подршка на економијата и редуцирање на финанските средства Одлуката се укина и средствата за задолжување се пренаменија за изградба и реконструкција на сообраќајници во Град Скопје – стои во образложението на Предлог програмата за изменување и дополнување на Програмата за проектирање, изградба на Забавен парк, набавка на опрема-реквизити и нивно монтирање.

Во истата меѓу другото се вели и дека, со реализацијата на сообраќајниците се добија нови и современи сообраќајници и се даде дополнителна економска помош кај дел од градежните фирми.

– Во текот на декември 2020 година, усвоен е Буџетот на Град Скопје за 2021 година, заедно со неговите развојни програми за 2022 и 2023 година, потпрограмата GAA, ставки 480 и 481 предвидено е изработка на проект и изградба на Забавен парк, набавка на реквизити и нивно монтирање – велат од Град Скопје.

Како што посочуваат градските власти, со изградбата на новиот забавен парк, Скопје ќе добие место за забава какво што нема во радиус од 300 километри и се надеваат дека тој ќе стане нова туристичка атракција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here