Битка помеѓу Кина и Русија за Балканот. ЕУ е оставена надвор од геополитичката борба со вакцините. “Ла Верита” ги има доказите од контактите меѓу Македонија и Пекинг, кој ја напуштил зделката плашејќи се од измами.

Ова во текст на италијанскиот весник Ла Верита го пишува авторот на текстот
Џовани Каподистрија.

 Според текстот Филипче и Заев лажеле дека не сакаат да набават кинески вакцини а причината за враќањето на авансот е во изборот на фантом фирма од страна на владата во Скопје преку која биле набавени вакцините.

Во последната година, земјите од најблиското соседство на ЕУ, кои се зависни од неа, често со статус – кандидати за членство, уште еднаш останаа комплетно разочарани од Брисел. ЕУ, којашто веќе со децении само ги следи случувањата наместо да доминира, го покажа целото свое незнаење со менаџирањето со Ковид-кризата, колку дома, толку и во Западниот Балкан – чија социјална стабилност може да влијае директно врз политичката стабилност на стариот континент

Забраната на владите во ЕУ за извоз на медицински материјал на почетокот на пандемијата, а понатаму и забраната за набавување вакцини по пат на преференција, докажува колку малку имаат научено од историјата нашите политички елити. Белград, кој имаше епидемиолошка “крива” слична на мнозинството од европските земји без да наложи рестриктивен локдаун на своите граѓани, е единствениот главен град во регионот кој успеа уште од самиот почеток да си загарантира доволен број вакцини од Русија и Кина.

Благодарение на големиот број вакцини и можноста да спроведе ефикасен процес на вакцинирање, српскиот претседател Александар Вучиќ ја користи ситуацијата за да го зголеми својот политички кредит како водач на единствената регионална кредибилна сила. Тој, всушност, им донираше 5.000 дози на Босна и Херцеговина и 8.000 дози на Македонија.

Потоа, босанските граѓани, заробени во една држава пред институционален колапс директно граничејќи со ЕУ, почнаа со т.н. вакцинален туризам кој ги принудува да бараат помош во српските болници. Една хаотична ситуација, потенцијално и експлозивна, која го принуди и словенскиот претседател Борут Пахор да вети праќање на 4.800 дози во Сараево.

Целиот текст https://www.expres.mk/la-verita-zoshto-kina-go-vrati-avansot-od-kina-i-shto-krijat-zaev-i-filipche-za-vakcinite/

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here