Граѓаните и кафеанџиите не ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот. Во првите 10 дена од март, полицијата затворила 20 угостителски објекти. Контролите откриле дека работното време го прекршувале кафеани, кафичи, чајџилници. Во нив полицијата пронаоѓала и над 30-тина гости. 

Според дневните билтени на полицијата, најголем дел од угостителските објекти кои не го почитувале работното време се во Тетово, Куманово и Гостивар. Локали кои не ги затвориле вратите за гости по 21 часот се откриени и во Кичево, Скопје, Радовиш.

Во изминатите 10 дена, полицијата растурила и две свадби во Тетовско, една со 80 гости, а другата броела над 100 лица. 

Сите угостителски објекти се затворени од Државниот пазарен инспекторат, а за сопствениците и пронајдените гости се поднесени пријави за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Според кривичниот законик за тоа дело се предвидени парични и затворски казни.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here