Вакцинацијата со Спутник започна во поликлиниката Јане Сандански во Скопје. Процесот започна во 8.00 часот наутро, а ќе продолжи до 20.00 часот навечер.

Здравствените работници, главно од другите градови во земјата, денес се вакцинираат со првата доза на руска вакцина, но не е познато кога ќе започне вакцинацијата на старите лица во домовите, кои како што наведе Министерството за здравство ќе бидат приматели на првите дози на Спутник.

Директорот на оваа Поликлиника за АЛСАТ изјави дека вакцината е многу едноставна за аплицирање и како резултат на тоа, процесот е многу брз.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here