Здравствените власти на земјата објавуваат дека кај одреден број пациенти се појавило згрутчување на крвта по добивање на вакцината. Без да наведат кои, данските власти објавија дека уште шест членки на ЕУ го прекинале користењето на Астразенека вакцината.

Се работи за привремена забрана, а во соопштението се наведува дека имало „сериозни случаи на згрутчување на крвта кај вакцинираните.“

Како што пренесува Дојче веле, данските власти „застанале на чекор“ од прогласување дека има директен линк меѓу вакцината и згрутчувањето на крв.

„Не е утврдено, во овој момент, дека има директна врска меѓу вакцината и случаите на згрутчување,“ се наведува во соопштението на данските здравствени власти.

Данската агенција за лекови објави дека започнала испитување на вакцината, а посебно испитување ќе започне и Европската агенција за лекови.

Вакцината од Оксфорд е една од неколкуте што беше одобрена оа Европската агенција за лекови за користење на територијата на ЕУ.

Претходно неколку држави решија Астразенека да не ја користат за вакцинирање на лица постари од 65 години, бидејќи не беше познато дали и колку вакцината е успешна кај оваа старосна група. Неодамна беше објавено дека во Германија голем дел од залихата од Астразенека вакцини стои неискористена бидејќи се верува дека е помалку ефикасна против новите мутации, па пациентите одбиваат да ја примаат.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here