Водостојот на Дојранското Езеро е за еден сантиметар повисок од вчера, а нивоата на двете останати природни езера во земјава се исти со вчерашните.

Со последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Дојранското Езеро е за 3,06 метри повисок од просекот за март, додека нивоата на Охридското и Преспанското Езеро се пониски од просечните и тоа за 10 сантиметри кај Охридското и за 1,44 метри кај Преспанското Езеро иако за 21 сантиметар го има надминато апсолутниот минимум.

Водостоите на реките во земјава најчесто се нешто пониски од просекот за овој месец, но кај речиси сите има благо зголемување на нивото во однос на вчера. Исклучок е реката Бабуна на мерното место кај Богомила каде има намалување на водостојот за еден сантиметар во споредба со вчера и Вардар кај Велес каде нивото е намелено за пет сантиметри.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here