Со 24 милиони евра ќе се вработуваат ранливи категории граѓани и лица кои останале без работа поради Корона кризата. Власта го претстави Оперативниот план за вработување за годинава.

Субвенции за плати, самовработување, практиканство, обуки, гаранција за млади се дел од мерките. Помошта ќе се дели и врз основа на правична застапеност по секаква основа.

„Кога на еден оглас што ќе го објави Агенцијата за вработување ќе се јават пет кандидати од различна етничка припадност, тогаш при изборот на кандидатите кои ги исполнуваат условите треба да биде отсликана сликата на нашето општество во делот на етничката припадност на кандидатите. Кога тие еднакво ги исполнуваат условите ќе се гледа да бидат застапени на ист принцип како што се застапени во општеството што е правично.“ изјави Јагода Шахпаска, министер за труд и социјална политика

Пандемијата остави 18.200 лица без работа на почетокот од годинава, покажуваат бројките на Агенцијата за вработување – иако според планот ќе се вработат речиси 8000 лица помалку. Битиќи уверува, ова е само еден од начините на кој Владата се справува со последиците од кризата.

„Јас најавив дека во процес се инвестивции таму секако се вработуваат тие што останале без работа заради ковид бвидејќи се највработливи и тие најпрви се враќаат на пазарот на труд. Овој е максимумот, има згоелмување од 4 милиони евра, а веќе следна година уште повеќе. Згоелмена за 100% вредност во однос на други години. Жалиме што останале без работа.“ изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања

Според власта лани реализацијата на мерките била скоро 95% од планираното, а најуспешна мерка била за самовработување.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here