Едно лице го загуби животот, а три се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 22 часот на магистралниот пат Струмица-Граничен премин „Ново Село“, во близина на селото Самоилово.

Од МВР информираат дека во незгодата учествувале три возила.

-Автомобил „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управуван од С.С.(37) од с.Самоилово, автомобил „шкода фабија“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Т.К.(24) од с.Н.Коњарево и камион – влекач „мерцедес“ со полуприколка со турски национални ознаки, управуван од М.К.(42) од Република Турција, информираат од полицијата.

На местото на незгодата починал С.С, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица.

-Со телесни повреди се здобиле Т.К. и сопатничката од истото возило А.Ј.(27) и М.К., констатирани во Медицинскиот центар Струмица, додаваат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here