Уште едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа во струмичко. 37 годишен жител од селото Самоилово е втора жртва во сообраќајка во регионот за помалку од 24 часа. Несреќата се случила синоќа на магистралниот пат Струмица граничен премин Ново Село во близина на селото Самоилово. Во неа учествувале три возила, фолксваген голф со струмички регистарски ознаки  управуван од сега веќе починатиот жител на Самоилово, шкода фабија што ја управувал 24 годишен жител од селото Ново Коњарево и камион  влекач со пол уприколка со турски национални ознаки,  управувано 42 годишен турски државјанин.  37 годишниот возач на голфот починал на лице место, а лекарот од итната медицинска помош само ја констатирал неговата смрт. Возачот на шкодата и неговата сопатничка се здобиле со телесни повреди.Причините поради кои дошло до несреќата засега не се познати. 

Поради увидот  патниот правец кон граничниот премин Ново Село синоќа неколку часа беше во прекин. 

Само неколку часа претходно во друга сообраќајна несреќа животот го загуби 48 годишен маж од Петралинци. Несреќата се случи на регионалниот пат Струмица Берово во близина на селото Сарај. Во неа учествуваа патничко моторно возило и камион. На пат кон струмичката болница возачот на автомобилот им подлегнал на повредите. Таму тој бил донесен со тешки повреди на главата без знаци на живот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here