И Египќаните го користеле целерот како лек, а истражувањата покажале дека овој зеленчук навистина е одличен производ и извор на голема количина на витамини и минерали. Содржи витамини К, Е, Ц и Б. Богат е со калциум и со фолна киселина, а има и силно диуретичко дејство.

Може да се јаде свеж, но доколку не сте љубители на вкусот на овој зеленчук, можете да направите и сок. Еднакво добро ќе влијае врз организмот.

Дури и Новак Ѓоковиќ секое утро го започнува со оваа напивка. Во една пригода, на своите следбеници на Инстаграм им открил дека верува дека токму овој сок е заслужен за неговото добро здравје.

„Добро утро на сите. Значи, вака јас го започнувам секој мој ден. Најпрво, земам малку топла минерална вода со лимон и лимета. Потоа, отворам фрижидер, каде што чувам зелени стебленца целер. Ги ставам во соковник за ладно цедење за да добијам сок од целер.

Овој сок е полн со минерали, соли и сè уште неоткриени елементи кои го прочистуваат црниот дроб. Прави чуда, како за мене и мојата сопруга, така и за нашите деца. Но тие не го пијат чист, туку со додаток сок од краставица или јаболко“, открил Новак.

А еве што вели науката и спроведените истражувања. Зошто целерот е толку добар и зошто треба редовно да се најде на вашето мени:

Може да го снижи крвниот притисок

Целерот содржи фталид, соединение кое го намалува производството на хормонот за стрес, ги опушта мускулите околу артериите и ја подобрува циркулацијата. Калиумот што го има во целерот ги стабилизира отчукувањата на срцето и го снижува крвниот притисок.

Може да го регулира нивото на холестерол

Бутилфталидот е единствено соединение кое помага во одржувањето нормално ниво на холестерол, а сето тоа придонесува за добра функција на срцето.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here