Податоците добиени преку оваа апликација за самопопишување ќе се споредат со податоците од претпописната база на податоци, односно бројот на самопопишани лица преку апликацијата за самопопишување не значи по автоматизам број на резидентно население на земјава

Преку апликацијата за самопопишување до утрово во 8 часот се евидентирани 49 837 лица, објави Државниот завод за статистика на својата веб-страница.

Со пријавувањето на апликацијата, корисникот се регистрира и остава свој ЕМБГ, електорнска адреса, која се верификува со праќање е-пошта за верификација и телефонски број на корисникот. При регистрација на корисникот и при секој внес на податоците од страна на корисникот, во апликацијата автоматски се запишува од која ИП-адреса се внесени податоците, појаснуваат до ДЗС.

Податоците добиени преку оваа апликација за самопопишување ќе се споредат со податоците од претпописната база на податоци, односно бројот на самопопишани лица преку апликацијата за самопопишување не значи по автоматизам број на резидентно население на земјава.

До апликацијата за попишување наменета за дијаспората може да се пристапи само со ИП-адреса од странство, а секое нарушување на процесот на прибирање на податоци е казниво со Законот за попис.

Првата фаза од пописот на населението, домаќинствата и становите почнa на 1 март со попишување на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на Армијата во странство, затворениците и бездомниците.

Пописот на останатото население започнува на 1 април и ќе трае до 21 април, кога и официјално треба да заврши попишувањето.

Директорот на Заводот за статистика вчера одговори на континуираните барања за одложување на пописот и на најавите за бојкот, при што истакна дека само Комисијата за заразни болести може да донесе одлука за такво нешто, но тоа засега не е опција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here