Руската вакцина противковид-19, „Спутник V“ се покажа како ефикасна против британскиот вид на коронавирусот, изјави пред новинарите рускиот министер за здравство, Михаил Мурашко.

– Нашите специјалисти ја истражуваа неутрализирачката активност на крвниот серум на волонтери вакцинирани со Спутник V против британскиот вид на вирус. Студијата потврдува дека нивото на неутрализирачки антитела на британскиот сој не се разликува од нивото на неутрализирачки антитела на оригиналниот вид САРС-КоВ-2. Значи, вакцината Спутник V штити од мутираниот британски вид на вирус  и не е помалку ефикасна отколку кај вообичаените соеви – рече тој.

Вакцината Спутник V е развиена од Рускиот федерален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“.

Регистрирана е во Русија на 11 август 2020 година, како прва одобрена вакцина против ковид во светот.

Спутник V е векторска вакцина базирана на човечки аденовирус, потсетува ТАШ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here