Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа се направени 3654 тестирања, а регистрирани се 868 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу во Скопје – 424, Прилеп – 72, Куманово – 42, Битола – 34, Охрид – 31, Тетово – 28, Кавадарци – 27, и Неготино – 26…

„Регистрирани се 397 оздравени пациенти. Пријавени се вкупно 15 починати лица. Починати се 5 пациенти од Скопје, по два пациенти од Тетово и Охрид и по еден1 пациент од Прилеп, Куманово, Штип, Кавадарци, Битола и Неготино. Сите пациенти се починати во болнички услови“, соопшти МЗ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here