Министерството за внатрешни работи вчера продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот и само на територијата на Скопје изречени се вкупно 164 мерки, од кои 25 се за непочитување на брзина на движење, а 12 за возење без возачка дозвола.

Исто така, изречени се 6 мерки за користење мобилен телефон, една за управување под дејство на алкохол, 7 за минување на затворен сигнал (црвено светло), 5 за недавање првенство на минување на пешаци, 2 казни за пешаци и 45 за непрописно паркирани возила.
Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here