Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 28 нови пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 355 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 12 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 4 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 18 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 29 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 52 пациент со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 81 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 128 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти. На ГАК има 5 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Вкупно 355 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 20 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here