Се подобрува сликата во однос на смртноста предизвикана од Ковид 19 во Македонија. Според официјланите податоци објавени на Worldometer, сервис кој ја следи статистиката поврзана со Ковид во целиот свет, Македонија е на петто место во регионот по смртност. Само пред неколку месеци беше прва во регионот по овој параметар што укажува на тоа дека состојбата се подобрува.

Имено, во Македонија има починато 1593 лица на 1 милион жители, а пред нас се, Бугарија со 1625 починати на милион жители, Босна и Херцеговина со 1667, Црна гора со 1797 и на прво место по смртност е Словенија со 1892 починати на еден милион жители. Подобрување се бележи и во однос на бројот на заразени, Македонија подолго време имаше стабилна епидемиолошка слика и тоа придонесе да се подобри статистиката и во однос на овој параметар. Земјата се наоѓа на 24 место во Европа по однос на вкупен број заразени на 1 милион жители и има малку над 54.000 заразени на еден милион.

Во споредба со регионот, Македонија има помалку заразен од Србија, Хрватска, Словенија и Црна Гора која најлошо стои од сите земји од регионот со преку 133.000 заразени на еден милион.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here