Серија силни земјотреси во вечерните часови ја вознемири Македонија. Два последователни потреси околу 22 часот со јачина од 4.7 и 4.2 степени по Рихтер беа регистрирани во гостиварско-мавровскиот регион.

Раководителот на сеизмолошката опсерваторија Д-р Драгана Черних вели дека простор за паника нема бидејќи станува збор за послаби потреси, и потенцира дека ситуацијата во гостиварскиот регион веќе подолого време е под мониторинг од страна на надлежните.

-Освен мала вознемиреност која овие земјотреси ја предизвикаа кај земјотресите, значи земјотресите се преслаби за да предизвикаат било каква материјална штета. Инаку во ова подрачје веќе подолго време имаме сеизмичка активност која што ја следи сеизмолошката опсерваторија- вели Драгана Черних.

Вчерашните земјотреси ја заматија водата за пиење во мавровскиот регион, Јавното комунално претпријатие „Маврово“ издаде соопштение во кое се препорачува водата да не се користи за пиење. Корисниците на викендиците на Маврово според објавите на социјалните мрежи ноќта главно ја поминале во автомобилите.

Но, затоа Скопјани посмирени по синоќешниот потрес од кои дел ги почувствувале синоќешните тектонски поместувања, дел пак воопшто не ги регистрирале.

Освен во Македонија, доцна синоќа беа регистрирани низа земјотреси и во соседството. Во Хрватска, во близина на Карловац е регистриран земјотрес со јачина од 2.9 степени додека пак во Грција, во близина на Лариса со јачина од 3.2.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here