Во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот Министерството за внатрешни работи вчера изрече вкупно 176 мерки.

Од вкупниот број казни, 114 се за непочитување на брзина на движење, 12 за возење без возачка дозвола, три за некористење на сигурносен појас, 4 за користење мобилен телефон, две за недавање првенство на минување на пешаци, четири за минување на затворен сигнал(црвено светло), како и 20 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here