Во наредните две седмици, почнувајќи од денеска, ќе бидат затворени сите основни и средни училишта во Грција и онлајн настава ќе следат и учениците во деловите од земјата каде што претходно се одржуваше редовна настава со физичко присуство, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката беше соопштена во петокот, по препораката на Комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство на Грција, а во сила е до 29 март, кога, доколку дозволат епидемиолошките податоци, се очекува учениците да се вратат во училишните клупи.

Грција, согласно епидемиолошката слика во секој од регионите е поделена во две зони темноцрвена („многу зголемена опасност”) и црвена („зголемена опасност”), а до петокот, учениците од основните и дел од средните училишта во црвената зона следеа настава со физичко присуство.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here