Македонскиот министер за здравство Венко Филипче го разреши директорот на струшката болница, Мухамед Хасани, поради случајот со родилката од Дебар, која при породувањето во Струга останала без бубрег, матка и јајник. Нов директор на болницата во Струга се очекува да биде назначен наскоро. 

Филипче денеска на прес-конференција информираше дека донел одлука за формирање на нова петчлена комисија, на барање на семејството на родилката, но и на повеќе невладини институции, откако претходно беше формирана комисија преку Лекарската комора, која не даде одговор на многу прашања поврзани со случајот. 

Министерот за здравство Венко Филипче од новата комисија бара да утврди дали имало пропусти. Тој вчера порача дека никој нема да биде поштеден од одговорност. Комисијата е составена од професори и лекари од неколку Универзитетски клиники во Скопје, правник од Министерството за здравство и од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).

-повеќе на темата: Пинг-понг меѓу институциите: кој е виновен за родилката во Струга?

Претходно и Платформата за родова еднаквост, во која членуваат 24 невладини организации, побара да бидат спроведени темелни истраги за случајот со родилката Јилдиз Веаповска од Дебар, на која ѝ биле извадени органи во Струга и за дивата домашна ординација на гинекологот Мухамед Асани, кој е и директор на струшката болница. 

Родилката Јилдиз Веаповска тврди дека ѝ биле извадени здрави органи повикувајќи се на Извештајот од Институтот за патологија. Веаповска вели дека д-р Мухамед Асани ги испратил бубрегот и матката на анализа на Патологија, без претходно да бидат прашани таа и нејзиниот сопруг. За работата на докторот Асани се води постапка и во обвинителството во Струга, откако Државниот здравствен и санитарен инспекторат поднесе кривична пријава за дивата ординација којашто ја имал дома.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here