Европратеничката Тања Фајон рече дека Европската Унија има строги законски регулативи за одобрување и сертифицирање на вакцините и дека е очигледно дека ковид-пасошите на Унијата нема да можат да препознаат вакцина што сè уште не е одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА).

„Ниту една кинеска компанија сè уште не поднела барање за одобрување… Доколку биде одобрена, руската вакцина би можела да биде вклучена во верзијата на ковид-пасош на ЕУ“, изјави Фајон за Нова.рс.

Доколку се усвои таков предлог, голем број граѓани што биле вакцинирани со кинеска и руска вакцина нема да можат да ги добијат таканаречените „ковид-пасоши“ на ЕУ.

„Очекувањата се дека Комисијата ќе го усвои својот предлог за ковид-пасоши дури оваа недела. Бидејќи сè уште го нема на маса, не можам да го коментирам. Сепак, цврсто верувам дека мора да сториме сѐ што е во наша моќ за да се вратиме во нормала што е можно побрзо. Верзијата на ковид-пасош на ЕУ може да биде само едно од решенијата за полесно патување и преминување на границата“, вели Фајон за Нова.рс.

Таа вели дека останува убедена дека таквата иницијатива мора да остане недискриминаторска, како и дека мора да се почитуваат правото на поединецот за заштита на податоци и приватност. Како што посочува, постојат стандарди за квалитет, безбедност и ефикасност што треба да се почитуваат и да се земат предвид.

„Што се однесува на признаените вакцини, ЕУ има строги законски регулативи за одобрување и сертифицирање на вакцините. Очигледно е дека верзијата на ЕУ за ковид-пасош не може да препознае вакцина што сè уште не е одобрена од ЕМА. Особено кога станува збор за кинески вакцини, ниту една компанија од Кина не поднесе барање за одобрување на пазарот. Затоа, ваквите вакцини не можат да се разгледуваат во ЕУ“, наведува Фајон.

Сепак, таа потсетува дека ЕМА ја разгледува усогласеноста на руската вакцина Спутник V со вообичаените стандарди на ЕУ, кога станува збор за ефикасноста, безбедноста и квалитетот и наведува дека тоа се проверува од 4 март годинава.

„Дури откако ЕМА ќе ја одобри вакцината Спутник V, таа ќе може да се вклучи во шемата за пасоши на ЕУ“, вели Фајон.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here