ВМРО-ДПМНЕ е најголемото политичко семејство каде се запазуваат нашите традиционални вредности, каде на прво место е солидарноста, грижата за татковината и борба против сите ретроградни сили.
Нашата борба е возможна доколку секој еден од вас го даде својот придонес. А ВМРО ги отвора вратите за младите, способните, образованите, искусните, работливите, чесните и оние кои заедно со нас сакаат да создаваат иднина. Иднината е наша заедничка.
Затоа приклучи се. Биди дел од промените кои ја носат македонската пролет, кои се дел од новата визија, од Македонија не само каква ја сакате, туку и каква ја заслужувате.
ВМРО-ДПМНЕ од 20 март до 20 април започнува со акција за приклучување и зачленување на нови членови. Просториите на општинските комитети ќе бидат отворени од 17 часот до 20 часот секој работен ден.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here