ФОТО: Паднати голем број дрвја по невремето во Скопје, еве каде да пријавите ако видите некое

0

Скопје и скопско вчера беа зафатени од краткотрајно силно невреме.

Од ЈП „Паркови и зеленило“ информираат дека имале 10-тина интервенции, но дека бројот на паднати дрва е многу поголем.

-Од синоќешното краткотрајно невреме паднаа 10тина дрвја кои беа расчистени од нашите екипи на терен.
Но за жал бројот на паднати дрвја е многу поголем. Утрово се уште примаме пријави од екипите на терен низ скопските подрачја, како и од граѓаните, велат од претпријатието.

Доколку забележите паднато дрво или гранки испратете фотографија и адреса на info@parkovi.com.mk или директна порака на Фејсбук профилот на ЈП „Паркови и зеленило“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here