Навистина сум вчудоневиден со која леснотија се предлага ваков тип на политика од страна на владата имајќи предвид дека богатите скандинавски земји предлагаат едноцифрен број на луѓе. Дел од побогатите балкански земји Словенија, Хрватска, фел од балтичките земји исто така прифаќаат едноцифрен број  на луѓе кои се Авганистанци кои работеле за владите на тие држави во Авганистан, вели Мицкоски во своето гостување во Тема на денот на ТВ Сител во однос на прифаќањето на лица од Авганистан. 

– Баш би сакал да видам една поголема солидарност и да ги видам на дело тие европски вредности од срана на побогатите држави во Европа бидејќи една мала сиромашна држава како што е Мк која е континуирано уценувана за да почне да преговара со ЕУ прима по 4,5,7,10 пати повеќе бегалци тоа е неприфатливо за мене. Додека не видиме пример од побогатите држави во Европа и светот дека навистина се солидаризираат со маката на тие луѓе, дека навистина одвојуваат за тие луѓе да ги прифатат тогаш може да дискутираме во рамките на нашите можности колку ние можеме да прифатиме и да бидеме добри домаќини, изјави Мицкоски. 

Тој додава дека прифаќањето на Авганистанците од страна на Македонија како мала и сиромашна држава претставува глупост.

 – За мене тоа е неприфатливо, за мене тоа е погрешен потег,  затоа што тоа што го прави Владата за мене претставува уште еден вид глупост која нема граница. Ако многу побогати земји од Македонија и многу поспремни влади од Македонија одлучиле да прифатат едноцифрен број луѓе јас не знам со која леснотија влада која за своите граѓани не може квалитетно да се грижи да се грижи за други, истакна опозицискиот лидер Мицкоски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here