Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дарко Костовски преку статус на Фејсбук прашува каде е градоначалникот на општина Бутел по големата поплава која се случи вчера како последица од дождот и невремето.

0

-Вчера по големата поплава во општина Бутел додека сите се прашувавме каде е “градоначалникот” Вељо, тој да ти имал друга голема обврска.

➡️Му се поплавил новиот базент во новата куќа во населба Радишани, па морал да остане дома.

Ајде со среќа нека е преселувањето од општина Центар во општина Бутел, за овие избори Вељо нема да мора да лаже дека живее во Бутел 2, поточно како што јавно кажа во една соба од куќа каде што живее сосема друга фамилија, тоест фамилија на која самиот си ја продал својата родна куќа многу одамна.

#иВељоСтанаЖителНаБутел✅🤣, стои во неговиот пост на Фејсбук.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here