Трамп: Ова не е евакуација, ова е понижување

0

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот наследник Џо Бајден ги понижи САД повеќе од кој било друг претседател во историјата поради катастрофата што сега се случува во Авганистан:

„Ова е ужасно време за нашата земја. Мислам дека нашата земја не беше толку понижена сите овие години. Не знам како да го наречам, воен пораз или психолошки пораз”, вели Трамп.

Тој ја спореди ситуацијата со иранската заложничка криза во Техеран во 1979 година и праша дали одлуките на сегашната американска администрација ќе предизвикаат полош развој на настаните

Трамп вели дека сцените снимени викендов, кога Авганистанци висеа од труп на американскиот воен товарен авион, а подоцна загинаа кога авионотполета, беа попонижувачки отколку евакуацијата на американската амбасада во Сајгон во 1975 година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here