ВМРО-ДПМНЕ: Со Царовска нема учебници, нема свидетелства, нема план за одржување на настава

0

Царовска без компас, на 10-тина дена пред почеток на учебната година не ги информира граѓаните како ќе се одвива наставата, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Царовска, сѐ уште размислува за „сценарио“ односно за моделот за изведување на наставата од можни три одобрени на Влада. Едно од нив е учениците да посетуваат физички настава, а дел да следат настава онлајн. На десетина дена пред почеток на учебната година ниту родителите, ниту наставниците па ниту на учениците не им е прикажан ниту еден нов учебник за прво и четврто одделение според новата Концепција за реформи во основното образование. Учебници за останатите одделенија, но и за средните стручни училишта кои не се по новата Концепција исто така нема, велат од партијата.

Од таму додаваат дека на десетина дена пред почеток на учебната година Царовска потфрли и со свидетелствата коишто уште не се напишани и најверојатно ќе се пишуваат во последен момент. Крајот на министрите како Царовска е близу.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here