ЈП Водовод и канализација – Скопје извести дека повторно се спроведува акцијата за наплата на долговите без пресметка на камата. Акцијата почнува од 23 август а ќе трае до 1 октомври.



„Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период одлуката преставува да важи, стои во соопштението.


Имајќи ја предвид ситуацијата со корона вирусот, заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите, како и превенција од ширење на вирусот, повикуваат на разбирање и почитување на сите протоколи кои ќе се спроведуваат од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје, при посетите на претпријатието од страна на корисниците за склучување на договорите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here