Претседателот на Авганистан негира дека избегал со милиони долари

0

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани е во Обединетите Арапски Емирати, каде бил примен со неговото семејство од хуманитарни причини. објави Би-би-си.

Тој во снимена видео порака до авганистанскиот народ најава дека има намера да се врати во земјата.

„Во моментов сум на консултации и имам намера да се вратам за да продолжам со напорите за враќање на правдата за Авганистанците“, рече Гани.

Гани, исто така, вели дека информациите дека избегал со 169 милиони долари од Авганистан се лага. Тој тврди дека го оставил својот имот и доверливи документи во својата татковина.

Претседателот на Авганистан не поднесе оставка откако Талибанците го освоија Кабул без борба на 15 август и прогласија контрола над целата земја, а тој заминал на инсистирање на неговата безбедносна служба.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here