Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска истакна дека државата со власта на Заев тоне во неспособност, криминал, корупција и поделби. Тоа не е констатација само на ВМРО-ДПМНЕ туку и на релевантни меѓународни организации.

-Угледниот тинк тенк од САД – Фондацијата Херитиџ во својот годишен извештај за 2021 година за рангирање на земјите во светот според нивото на економски слободи и права ја рангира Македонија на 46-тото место со 68,6 поени, што е пад од 5 места во споредба со минатата година кога Македонија била рангирана на 41 место. За четири години власт на неспособниот и корумпиран систем на Заев Македонија паѓа за 15 места на листата на Фондацијата Херитиџ за економски слободи и од 31 место во 2017-тата година сега Македонија се наоѓа на 46-тото место. Значи во 2017-тата година Македонија е на 31 место, а во 2021 година на 46-тото место. Тоа е четиригодишно константно назадување заради корумпираната влада на Зоран Заев, истакна тој.

Николоски вели дека заради истата таа корумпирана и неспособна Влада, Македонија се наоѓа во друштво со Руанда и Јамајка, како и Колумбија, а секоја година станува се полошо.

-Херитиџ за 2021 година констатира дека Македонија има пад на скалата на економски слободи и права за 0,9 поени. Ова е уште еден меѓународен извештај во кој што се кажува дека Македонија не само што не оди напред, туку тоне. Има пад и во делот на судството и интегритетот на владата. Имено фондацијата констатира дека судската ефикасност и интегритетот на владата се под минималното црвено ниво. Со 40,4 поени за судската ефикасност и 41,9 поени за интегритетот на владата, владата се наоѓа под црвената линија, односно нема преодна оценка за државата. Според Фондацијата Херитиџ за подобрување на позицијата на Македонија се потребни реформи во судството и реална борба со организираниот криминал и корупција кои што сега ги нема. Македонија бележи пад и во делот на слободата на работниците и бизнисот, но и слободната трговија. За ова исто така предупредуваше ВМРО-ДПМНЕ. Извештајот го потврдува и тоа што ВМРО-ДПМНЕ со години го говори, а тоа е дека економските политики се лоши и дека инвеститорите не доаѓаат. Имено се вели дека нивото на странски инвестиции е ниско за европски стандарди. Значи од држава која што беше рекордер во странски инвестиции, сега Македонија е држава која што има ниско ниво на странски инвестиции за европски стандарди. Тоа што Херитиџ го кажува, народот го живее четири години. И за тоа на овие избори коалицијата против организираниот криминал и корупција предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја порази власта на Зоран Заев, владата ќе падне, и ќе има одговорност, нагласува потпретседателот на партијата.

Во делот на економското функционирање се вели дека отворањето нова фирма сега чини многу повеќе отколку пред четири години, потребно е повеќе време и има многу поголеми бирократски процедури. Сето ова се кажува дека бирократијата го јаде системот и бизнисот не може да функционира, корупцијата цвета, а економијата тоне.

-Ова е уште еден шамар за владата на Заев, ова е црвен картон за неспособноста, но исто така е црвен картон и за државата и има негативни импликации на секој еден инвеститор и на секој еден работник. Со Заев Македонија ниже само неуспеси и се споменува во светот само по криминал, корупција и лоша економска политика. Потребни се промени. Потребна е нова енергија и нов правец кои што ќе ги донесат следните избори во октомври, истакна денеска Николоски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here