Има јасни меѓународни препораки од релевантни институции дека природниот имунитет по прележување на болеста со тек на време се намалува, а вакциналниот имунитет е потраен, вели Филипче.

Министерот за здравство Венко Филипче апелираше граѓаните да се вакцинираат. Тој рече дека има од сите типови вакцини и во доволно количини, посочувајќи дека нема наплив во болниците во градовите каде што е висок процентот и интересот за вакцинирање.

– Нема разлика за пациентот кој се опоравува  дали ќе се вакцинира по еден или по шест месеци, за него нема никаква разлика, но има разлика за колективниот имунитет. Нема зијан или контраиндикација да се вакцинира порано – вели Филипче за препораката за вакцинација 45 дена по прележувањето.

Според него, не секој развива ист имунитет после прележувањето и вели дека вакциналниот имунитет е траен.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here