Денес имавме седница на Извршниот и Централниот комитет каде се разговараше за носење на одлука за кандидат за градоначалник на градот Скопје. Пред да соопштам за одлуката која беше донесена, морам да кажам неколку работи кои се значајни аспекти околу носењето на самата одлука, а кои беа земени во предвид. Градот Скопје доживува сериозна стагнација. 4 години се промашени за развојот на главниот град. После 4 години власт на СДСМ во Скопје не се живее подобро како што беше ветувано пред 4 години, ова денеска преку прес-конференција го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Скопје заслужува силна жена за градоначалник која ќе ги штити пред се и над се интересите на градот. Данела е личност која победува, и убеден сум дека ќе победи и во оваа трка најзначајна за скопјани и градот Скопје. Овој град паметел подеми и падови, градители и разурнувачи. Паметни и способни луѓе, но и арогантни поединци кој ја имаат окупирано функцијата градоначалник. Имаме 4 години стагнација. Скопје не смее да чека нови 4 години на експерименти и вложување надеж во арогантни и неспособни градоначалници и луѓе кои по 4 години мандат ќе ви велат дека само што не ги почнале ветувањата кои требале да ги започнат уште во првата година од мандатот. Ќе ветувањата не минуваат како и привидот од поставените тараби кои се единствената активност на местата каде требале да започнат да се реализираат ветените големи проекти. Данела за градоначалник е одговорот и решението. Донесовме значајна одлука денес, одлука со која се означува времето на промени, на нов почеток за Скопје кое ќе е на сите луѓе. Одиме на сигурна победа заедно со Данела Арсовска за Скопје, рече Мицкоски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here