„Претпоставувам бидејќи се следите што правам, најверојатно знаете дека сум бил во салата „Борис Трајковски“ заедно со мојата сопруга на почетокот на септември и еве сега ви кажувам да не се мачите, втората доза ќе ја примам во среда откако добив денеска информација дека треба да ја примам втората доза на Синовак“,истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во дуелот на „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
Мицкоски додаде дека тој се има вакцинирано но од тоа не правел фестивали како функционерите на власта.
„Прво ме обвинивте дека сум потикнувал антиваксерство, па цитирате моја изјава од осми август која што кажувам, лично сум ПРО и ги мотивирам граѓаните да се вакцинираат. И мило ми е што самите се демантиравте“, рече Мицкоски на Заев.
Мицкоски посочи дека Заев кажува невистини и самиот се демантира.
„За вас господине Заев нема тајни бидејќи повеќе се занимавате со туѓите животи, отколку со тоа што треба да го работите. Затоа луѓе живи горат, затоа сме први според бројот на луѓе кои што го изгубија животот поради тоа што сте неспособен да се справите со КОВИД пандемијата година и половина“, укажа Мицкоски.
Мицкоски појасни дека граѓаните се демотивирани поради неспособноста на власта.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here